Аудио касета од интервју со Џон Ленон и Јоко Оно, вклучително и песна која никогаш не била објавена, а снимена во текот на нивната посета на Данска во 1970 година, продадена е за 370.000 дански круни (79,000 долари) на аукција во вторникот во Копенхаген.
Касетата со необјавената песна Radio Peace била снимена на 5 јануари 1970 година од четири 16-годишни момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за училишен магазин.
Понудите за снимката, која беше ставена на продажба заедно со фотографии од разговорот со момчињата, почнаа со 100.000 круни. Пред аукцијата, вредноста беше проценета помеѓу 200.000 и 300.000 круни (31.500-47.000 долари).
На касетата, покрај разговорот, снимен е Ленон како свири на гитара и заедно со Оно ја пеат Give Peace a Chance и Radio Peace.