ФУДБАЛ

Европската фудбалска унија (УЕФА) ѝ стави крај на правната борба против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид поради нивната вмешаност во европската Суперлига. Трите клуба, кои беа меѓу 12 -те „основачки“ членови на таа лига, која не се реализира, одбија да се откажат од проектот и беа под истрага за „потенцијално прекршување“ на правната рамка на Европската фудбалска унија.
– УЕФА останува на својот став дека отсекогаш дејствувала во согласност не само со своите статути и прописи туку и со правото на ЕУ, Европската конвенција за човекови права и со швајцарското право во врска со т.н. проект за Суперлига. УЕФА ќе продолжи да ја брани својата позиција во сите релевантни јурисдикции, ќе продолжи да ги презема сите неопходни чекори, во строга согласност со националното и со правото на ЕУ, за да ги брани интересите на УЕФА и на сите фудбалски чинители – пишува, меѓу другото, во соопштението.