За да не го загуби правото на пензија, маж во Австрија го чувал мумифицираното тело на неговата мајка во подрум повеќе од една година, соопшти полицијата.
Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала од природна смрт во јуни минатата година, објавија денеска германските медиуми.
Нејзиниот 66-годишен син го однел телото во подрумот и се обидел да го неутрализира непријатниот мирис со завои и облоги.
Полицијата проценува дека тој незаконски стекнал околу 50.000 евра на сметка на нејзината пензија.
Измамата била откриена кога на новиот поштар, кој пензијата ја носел на домашната адреса во Западен Тирол, неговиот син му ја ускратил желбата да ја види жената. Ова довело до истрага и на крајот до бизарно откритие, велат од полицијата.