Во последните 24 часа во Македонија од коронавирус починаа 36 лица, а потврдени се 1.037 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти.
Пријавени се 36 починати лица: 11 починати лица од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ).
Од починатите лица 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697.