Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври.
Премиерот Зоран Заев при посетата во Кривогаштани рече дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го информирал оти изборните правила ќе останат исти, за да нема забелешки дека нешто се прави во „5 до 12“
„По последните измени – за отисокот од прст и за препораки ОБСЕ/ОДИХР, законот ќе остане таков каков што е за да нема забелешки дека во ‘пет до 12’ нешто се менува, а притоа тоа би довело само до блокада на законското решение“, рече Заев.
Другите измени по препорака на ОБСЕ, како што истакна, ќе остане да бидат вградени во Изборниот законик по изборите.
Тој најави дека СДСМ најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.