Рано утрово околу 5 часот, А.Ѓ.(38) од Скопје пријавил дека додека биле заедно со С.Д.(22) и М.З.(20) во автомобил на подрачјето на Чаир, кон нив биле испукани проектили од огнено оружје од патничко возило џип „мерцедес“.

Притоа, со повреди се здобил А.Ѓ., кому во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.