Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија) кај лица постари од 75 години, според официјално француско истражување.
– Резултатите од оваа студија сугерираат дека вакцинацијата со вакцината „Фајзер/Бионтек“ не е поврзана со зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај луѓе на возраст од 75 години или постари, и по првата и по втората доза – заклучуваат авторите.
Истражувањето е спроведено од групата Epi-Phare која ги обединува Агенцијата за лекови (АНСМ) и здравствено осигурување (Кнам).
Во студијата земени се предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради инфаркт, мозочен удар и белодробна емболија помеѓу декември 2020 година и март 2021 година кај пациенти на возраст од 75 години или повеќе, вакцинирани и невакцинирани. Во истражувањето биле вклучени скоро 30.000 луѓе.