Иран продолжува да ги почитува обврските во рамки на нуклеарниот договор склучен во 2015 година, чија иднина е несигурна заради повлекувањето на САД, објави Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ).
Техеран и натаму ги почитува основите на тој договор, а МААЕ имаше пристап „до сите постројки и локации во Иран кои сакаше да ги прегледа, истакнува агенцијата.
МААЕ вели дека иранските резерви на осиромашен ураниум и тешка вода пораснале благо од претходниот извештај во мај, останувајќи во границите а договореното.