Вицешампионот Шкупи избори понатамошен пласман во квалификациите за фудбалската Конференциска лига, откако го елиминираше косовски Лапи со вкупен резултат од 3-1 во двомечот од првото коло, по денешното реми 1-1 на гости.
Силекс и Струга го завршија настапот во Европа. Молдавски Петрокуб ги елиминираше кратовци со гол постигнат во 95-та минута на денешниот дуел во Кишињев 1-0, откако првиот меч одигран во Скопје заврши нерешено 1-1. Струга Трим Љум го заврши дебитантското учество во континенталните натпреварувања по убедливиот пораз од летонска Лиепаја со 1-4 во Скопје. Првиот дуел заврши 1-1.
Шкупи во следната рунда ќе се сретне со португалска Санта Клара. Македонскиот првак Шкендија исто така продолжува во квалификациите за Конференциската лига откако беше елиминирана од мечевите за пласман во Лигата на шампионите.