Стихови по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески
Се родил великанот
пред сто години
во селото Небрегово
треба да го помниме
како родно место негово.
Растел безгрижно
во куќа од камен
израснал како човек
надарен и стамен.
Работел како професор
и предавал со стил,
поучувал студенти
и секогаш доследен бил.
Бил и академик
и писател и поет,
познат на Балканот
и во целиот свет.
На македонски јазик
бил кодификатор,
и голем лингвист
и јазичен реформатор.
Создал неколку дела
вредни за докторати,
се наредил во Струга
меѓу големите лауреати.
Неговата родна куќа
постана Дом – светилиште
треба да ја посетуваме
и да ни биде училиште.
Автор: Ванчо Шенковски пензионер од Берово