Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз на Скопскиот економски форум
Остануваме разочарани што земјите членки на Европската Унија не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум, додавајќи дека, сепак, нема сомнеж оти Македонија ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ, и тоа е чекор што САД веруваат дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност. Американската амбасадорка во земјава потенцираше дека САД ќе бидат со Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за заедничките стратешки цели.
– Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми – истакна Брнз.
Таа порача дека целите на САД на Балканот остануваат јасни и непроменети, со што Америка во иднина го гледа регионот стабилен во мир и целосно интегриран во евроатлантската рамка.