Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот моден бренд „Диор“ се запленети во Драч при контрола на македонски камион кој превезувал железо, соопшти албанската полиција, а пренесуваат регионалните медиуми.
Спорет РТС, кокаинот бил скриен во шасијата на камионот кој превезувал железо.
Полицијата го уапсила возачот кој е македонски државјанин.