Најдобриот светски тенисер, моментно, Новак Ѓоковиќ, со вчерашниот триумф на Ролан Гарос, постави нови стандарди во белиот спорт. Тој е единствениот играч во „опен ерата“ со по барем два трофеи на секој гранслем-турнир (девет на Австралија опен, два на Ролан Гарос, пет на Вимблдон и три на САД опен).
Српскиот тенисер има вкупно има 19 гранслем-трофеи во кариерата, еден помалку од рекордните 20 на неговите најголеми ривали Роже Федерер и Рафаел Надал. Но, забележлива е статистиката која Ѓоковиќ ја има во последните десет години во однос на Федерер и Надал.
Од 2011 година до вчера, Ѓокоивќ освоил 18 од своите 19 гранслем-трофеи, победил на 31 турнир од мастерс-серијата и четири пати победил на завршниот АТП-мастерс. Во последните десет години поминал и вкупно 324 недели на врвот на АТП-листата.
Федерер и Надал, пак, заедно, во последната деценија, имаа 15 гранслем-титули, освоија 28 мастерси и еден трофеј на завршниот АТП-мастерс. Тие заедно имаат 132 недели поминати на првото место на АТП-листата во истиот период.