По сите неизвесности со коронавирусот, изминатата ноќ, започна Копа Америка. Натпреварувањето го отворија Бразил и Венецуела.
Бразил забележа лесна победа против Венецуела од 3-0 на отворањето на фудбалскиот турнир Копа Америка кој почна ноќеска по бројни неизвесности поради коронавирусот. Венецуела не можеше да смета на 12 фудбалери поради позитивни тестови на ковид-19.
Првиот гол го постигна Маркињос во 24-та минута. На вториот гол се чекаше до 64 минута кога погоди соиграчот на Маркињос од ПСЖ, Нејмар. Конечниот резултат го постави Габриел Барбоса во завршницата на мечот.
Во второто коло Бразил ќе игра против Перу на 18 јуни, а ден претходно Венецуела ќе се сретне со Колумбија.