Варијантата на коронавирусот, за којашто виетнамските власти тврдат дека е комбинација од индиски и британски видови, не е нов хибрид, туку дел од постојниот индиски вид, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.
– Во моментов нема нова хибридна варијанта во Виетнам заснована на дефиницијата на СЗО – изјави претставникот на СЗО, Кидонг Парк, во интервју за весникот „Никеи“.
Тој додаде дека оваа варијанта на коронавирусот е дел од варијацијата што потекнува од Индија.