Корисниците од објектите во околината на мотелот „Белви“ во општина Илинден утре ќе бидат без електрична енергија од 7:30 до 10:30 часот.
Од 11 до 17 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Јурумлери, општина Гази Баба и дел од населбатата Илинден.
В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Студеничани, а од 9 до 13 часот корисниците од зградата бр. 9 на улицита „Методија Митевски“ во општина Чаир.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.