Невладината организација „Сфера интернешнел“, како дел од проектот „Про дијалог“, објави отворен повик до фотографите да учествуваат на изложбата „Културни карактеристики на етничките заедници во Македонија“. Изложбата е планирано да се одржи на деветти мај во Битола, а крајниот рок за аплицирање е 25 април. „Про дијалог“ иницира социјалeн дијалог на локално или регионално ниво на земјите партнери што се борат против причините за говор на омраза и лажни вести. Целта на овој проект е промоција на меѓукултурниот дијалог за малцинство и мнозинство, одржливо намалување на предрасудите, како и издигање на свеста за другите култури, религии и европски вредности. Заинтересираните фотографи треба да испратат максимум по две фотографии на мејлот [email protected], со наслов „Изложба Про дијалог“, од кои ќе биде извршена селекција.