Две единици на унгарската полиција се распоредени по должината на граничната линија меѓу Србија и Македонија, беше објавено од седиштето на унгарската национална полиција.
Едната единица со 20 члена ќе биде распоредена во Србија, а другата со 30 припадници во Македонија со задача да спроведат гранични патроли и да користат инфрацрвени камери за да ги следат обидите за шверцување луѓе и стока, пренесува МТИ.
Унгарската полиција е посветена на спречување илегален влез на бегалци на териториите на Унгарија и ЕУ и затоа им понуди помош на Србија и на Македонија.