Почна средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници во Скопје.
Средбата е резулатат на поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на неа се очекува да се разговара за сите отворени прашања, како што се кризата со пандемијата, работата на Парламентот, пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите.
Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение меѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите. Мицкоски, пак, најави дека ќе се зборува за теми кои се од животно значење.