Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.907 нови случаи на ковид-19. Починаа 38 лица, а тестирани се 7.276 лица.
Во болниците низ цела Србија има 8.011 пациенти со коронавирус, од кои 276 се на апарати за дишење.
Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е 341.904. Тестирани се 2.312.861, додека вкупниот број на смртни случаи е 3.288.
Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, денеска изјави дека во понеделник, 4 јануари, на состанок со министерот за здравство, Златибор Лончар, ќе се донесе одлука кога и од кои градови ќе започне вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“.
Во Србија веќе се спроведува вакцинација со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.