Не само што се неспобни да се справат со корона-пандемијата, не се способни да се справат и со загадениот воздух, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.
– Скопје и понатаму руши рекорди по загадениот воздух, а ниту Шилегов ниту на кој било од власта не му е важно тоа. Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина. Шилегов да си даде оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на Скопје.
Пред само половина час во Ново Лисиче се измерени над 400 ПМ10-честички на метар кубен, а нивото на ПМ10-честички е над дозволено и во останати градови ширум целата држава. На граѓаните им е доста од празните флоскули и неработата на оваа неспобна влада. Нивното неработење граѓаните го плаќаат со своето здравје. За ова следи одговорност – рекоа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.