Барселона ќе се соочи со Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите (ЛШ), а актуелниот европски првак Баерн ќе игра против Лацио. Ова е резултат од денешната ждрепка влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Првите натпревари треба да се играат на 16/17 и на 23/24 февруари, а реваншите на 9/10 и на 16/17 март 2021 година.
Осминафинални двојки
Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити
Лацио – Баерн
Атлетико Мадрид – Челси
Лајпциг – Ливерпул
Порто Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севилја – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид