Следниот Бетмен ќе биде црномурестиот Тим Фокс соопшти „Ди-Си комикс“, пренесуваат светските медиуми. Џо Ридли ќе биде автор на новата серија, со уметничките специјални ефекти на Ник Дерингтон и на Лора Брага.

Во оваа серија Бетмен ќе биде отуѓениот син на Лашс Фокс, бизнис-менаџерот на Брус Вејн. Дејството е сместено во Готам Сити во иднината. Градот го контролира бескрупурозниот Магистрат и сите маскирани одмаздници се забранети, а Бетмен е убиен. Во таква ситуација, се појавува Тим Фокс како нов Бетмен, за да го спаси градот.

Фокс како лик првпат се појавил во стрипот на „Ди-Си комикс“ во 1979 година. Во најновата приказна за Бетмен неговиот татко Лашс го презел богатството и технологијата на Брус Вејн. Фокс ќе дебитира како Бетмен во јануарскиот стрип „Future State: The Next Batman“, а во февруари ќе добие и нов партнер.