Еден од најпознатите македонски новинари, Ристо Поповски, почина синоќа на 74 години, по кратко боледување.
Во долгата и богата кариера, Поповски работел како новинар за Радио Скопје и новинската агенција Танјуг, а бил и дописник од Москва за време на историските промени на почетокот на 90-тите години.
Во 1992 година Поповски ја основал независната новинска агенција Макфакс, првата приватна новинска агенција во поранешна Југославија.
Своите новинарски ставови како коментари ги објавуваше и во неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а беше и коментатор од Македонија за Ал Џазира Балканс. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.
Поповски беше и еден од иницијаторите за основање на платформата ЦИВИЛ – Центар за слобода и голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права.