Советниците на Битола на денешната вонредна онлајн седница на Советот, свикана на барање на градоначалничката Наташа Петровска, едногласно ја изгласаа одлуката за изградба на мобилна ковид-болница.
Мобилната ковид-болница ќе биде изградена во кругот на Клиничката болница, веднаш до инфективното одделение.
Со денешната одлука се планира изградба на мобилна ковид болница во која ќе бидат смесетни 90 пациенти позитивни на ковид-19.
Во Битола, во изминатиот ден беа забележани 87 нови случаи на коронавирус, а починаа шест лица, од кои две беа на возраст од 36 и 37 години. М.М.