Словенечките туристички работници во пресрет на туристичката сезона имаат потреба од 5.000 работници од земјите од регионот.
Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, бидејќи домашниот кадар е преоптоварен, а нивниот синдикат веќе со години се жали на ниските плати и високите даноци за прекувремено работење.
По четири години континуиран туристички раст, Словенија лани имаше 4,7 милиони туристички доаѓања и 11,9 милиони ноќевања.