Игор Ангеловски во солзи го дочека пласманот на Македонија на Европското првенство, што покажува колку му значеше успехот кој е плод на неговата петгодишна работа како селектор на репрезентацијата. Популарниот Мрме имаше тешка задача кога ја презема репрезентацијата во октомври 2015 година, по претходните неуспеси во квалификациите за големите натпреварувања.
– Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можам да ветам многу работа. Не се плашам од одговорноста иако резултатите и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Ќе направиме се што можеме да го поправиме впечатокот, бидејќи имавме фудбалери со силен карактер. Знам што значи репрезентацијата за сите нас и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот за подобри резултати – изјави Ангеловски кога беше именуван за селектор.
Ангеловски успеа да го врати Горан Пандев во националниот состав по пауза од две години, стрпливо го селектираше сегашниот тим и резултатите почнаа да се подобруваат. Потоа дојде и шансата во Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА. Рангирани во најниската Д лигата, во шест меча Македонија забележа пет победи и еден пораз за да обезбеди пласман во Лига Ц и да добие прилика за пласман на Европското првенство преку натпреварите со Косово и со Грузија.
Токму во решавачките мечеви Македонија под водство на Ангеловски делуваше стабилно, сигурно и со јасен план со кој стигна до Европското првенство.
Joy? Relief? Pick your emotion as Igor Angelovski & North Macedonia qualify for the Euro finals. pic.twitter.com/CKBJDOjCBM
— Ed Wyatt (@edwyatt) November 12, 2020