Згасна една од најстарите фабрики во Битола, Акционерското друшто за производство на шпорети и печки на тврдо гориво, АД „Металец“ – Битола.
На барање на доверителите стечајниот судија на Основниот суд Битола, Снежана Дојчиновска, донесе решение со кое се отвора стечајна постапка во ова претпријатие, кое до кризата вработуваше околу 200 работници.
За стечаен управник на претпријатието е избран Владо Талевски.
АД „Металец“, благодарејќи на големата побарувака на печки на тврдо гориво и шпорети, долго време опстојуваше на пазарот.
М.М.