ФОРМУЛА 1

По повеќе од една деценија, в недела љубителите на Формула 1 во Португалија повторно ќе имаат можност да следат трка. На патеката Алгарве, чија должина на еден круг изнесува 4.653 км, најбрзите возачи во Ф1 ќе ги одмерат своите возачки способности.
Оваа трка ќе биде четврта годинава на која ќе може да присуствуваат гледачи, а ќе им биде дозволен влез на 27.000 љубители на овој спорт. Поради пандемијата на ковид-19, на сите гледачи при влезот ќе им биде мерена температура, а тие не ќе можат да се преместуваат од своите седишта. По 11 трки во генералниот пласман во водство е Луис Хамилтон, со 230 бода, и се трка за својата седма титула, а го следат Валтери Ботас со 163 и Макс Ферстапен со 147. Кај конструкторите прв е Мерцедес со 391 бод, пред Ред бул со 211 и Рејсинг поинт со 120.