Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време.
Владата на вчерашната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 % од вкупниот број патници предвидени во едно возило.
Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, во согласност со принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации во зависност од карактеристиките на работниот процес на институциите.