Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но сега е во ред и следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.
Трамп во видео објавено на „Твитер“ од неговата болничка вели дека се чувствува многу подобро и се надева дека ќе се врати брзо за да ја доврши капмањата за претседателските избори.
– Следните неколку дена се клучни. Тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена – рече Трамп.
Во петокот беше соопштено дека американскиот претседател и неговата сопруга Меланија се позитивни на ковид-19. Тој во текот на вчерашниот ден беше хоспитализиран.