Американскиот претседател Доналд Трамп е примен во болница помалку од 24 часа откако кај него беше дијагностициран ковид-19.
74-годишниот американски претседател е преместен во посебна просторија во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид во Мериленд и ќе остане таму во следните неколку дена како мерка на претпазливост.
Лекарите на претседателот побарале тој да биде пренесен во болница во случај да му треба итна помош, имал лесна треска. Како што пренесуваат америскнските медиуми лекарот информирал дека Трамп се лекува со експериментален коктел против ковид-19. Лекот се администрирал интравенски. Покрај човечки антитела против вирусот, тој содржел и цинк, витамин Д, мелатонин и аспирин.