Кавадарци утре ќе биде дел од големата трка и прошетка во Европа чија цел е подигнување на јавната свест за борбата против ракот на дојка. Стотици граѓани во Македонија се веќе пријавени на платформата и ја даваат својата поддршка. Борките од Кавадарци ги повикуваат нивните сограѓани да излезат утре во 11 часот во Паркот на револуцијата (паркот кај полицијата) и да ја поддржат „Трката на лекот“. Настанот се одржува согласност протоколите во услови на ковид-19.
– Останете безбедни, останете поврзани. Трчаме или пешачиме за сите големи борци бидејќи ракот на дојка не познава пол, ниту возраст, ниту било каква друга припадност. Секој од нас може да се соочи со оваа болест. Затоа е многу важно гласно да зборуваме и навреме да делуваме. Важно е да ги здружиме силите и сите заедно да му се спротиставите на ракот на дојка. Упатуваме отворена покана до сите, за поддршка и активно учество во трката. Регистрирајте се на www.raceforthecure.eu, поканете ги вашите роднини и пријатели и сите заедно да направиме голема розова бука – повикуваат од Борка – Кавадарци. Ми.М.