Најосамениот слон на светот, Кааван, по цели 35 години, конечно, доби медицинска дозвола да ја напушти зоолошката градина во Пакистан во потрага по подобар живот. Мартин Бауер, портпаролот на организацијата „Четири шепи“, вели дека слонот добил медицинска дозвола за патување во Камбоџа, каде што ќе има друштво и подобри услови за живот, пишува „Гардијан“.
Кааван, кој ја загуби партнерката во 2012 година, се бори со осаменоста, како и со лошите животни услови. Неодамна бил подложен на детален лекарски преглед во зоолошката градина.
– Востановено е дека Кааван развил стереотипно донесување, односно со часови ја мрдал главата напред-назад. Најверојатно тоа го правел од здодевност – изјавил Бауер.
Високиот суд во Пакистан во мај побарал затворање на зоолошката градина во Маргхазар поради лошите услови.
Причините поради кои Кааван си оди го привлекоа вниманието на љубителите на животни и активисти од целиот свет, но и на голем број познати личности, вклучувајќи ја и американската пејачка Шер, која исто така лобираше за неговата преселба во Камбоџа.