Pyramid in Cairo,Egypt

Властите на Египет објавија дека се пронајдени 13 недопрени, запечатени ковчези, за кои се претпоставува дека се постари до 2.500 години. Сандаците се најдени во археолошкото наоѓалиште, поточно во некрополата Сагара во Гиза, соопшти египетското министерство за туризам и антиквитети.
Како што е наведено, ковчезите се наоѓале во три одделни простории, длабоки 11 метри, пренесе агенцијата „Синхуа“.

Египетскиот министер за туризам и антиквитети Калед ал Анани вели дека тоа е најголем број сандаци пронајдени на едно место од откривањето на 30 ковчези во октомври, минатата година, на гробиштата Асасиф во покраината Луксор.
Точниот број на откриени ковчези и идентитетот на покојниците сѐ уште не се утврдени, а работите на ископувањето продолжуваат.