Во последните 24 часа вои Хрватска регистриран е 151 нов случај на коронавирус, а починало едно лице, соопшти Националниот штаб на цивилна заштита.
Како што се наведува, моментниот број на заразени е 1.185.
Од нив, 126 пациенти се на болничко лекување, а 11 лица се на респиратор.
Во Хрватска досега потврдени се вкупно 6.571 случај на ковид-19, 166 луѓе починале, а 5.220 оздравеле.
Во Босна и Херцеговина, според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје, во изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 228 новозаболени од коронавирус.
Во Федерацијата на БиХ тестирани се вкупно 546 примероци, од кои 148 се позитивни на ковид-19. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата, пренесува порталот „Кликс“.
Досега се тестирани вкупно 101.842 примероци, а коронавирус е потврден кај 9.631 лице.
Заклучно до денес, во Федерацијата оздравеле 6.047 пациенти, додека моментално активни се 3.330 случаи на ковид-19.
Во последните 24 часа пријавени се девет смртни случаи. Вкупниот број на починати изнесува 254.
На подрачјето на Република Српска регистррани се 80 позитивни случаи. Тестиранo е 301 лице.