Директорот на Општата болница во Беране, Будимир Дабетиќ изјави дека едно бебе, кое било позитивно на ковид-19, е оздравено и пуштено од болница, како и дека денеска од болница ќе излезе и друго бебе.

Тој додал дека шест позитивни пациенти во таа здравствена установа имаат тешка клиничка слика, а тројца се наоѓаат на интензивни дози на кислород.

Во болницата моментално се лекуваат 34 пациенти позитивни на ковид-19.

– Двајца се на операција, тоа значи дека имаат клинички симптоми кои потсетуваат на коронавирус, но се уште не им е готов резултатот од тестот – рекол Дабетиќ.