За еден месец, бројот на деца со коронавирус на Флорида се зголемил за 137 проценти, покажуваат официјалните податоци објавени денес.
Во периодот од 9 јули до 9 август, бројот на деца на возраст до 17 години заразени со ковид-19 од 16.797 пораснал на 39.735.
Во истиот период, бројот на хоспитализирани деца се зголемил од 213 на 436, односно за 105 проценти, пренесува Си-ен-ен.
Процентот на заразени деца на Флорида во претходниот месец е значително поголем отколку на национално ниво, каде што зголемувањето е 90 проценти.
Сепак, децата имаат полесни симптоми и побрзо го надминуваат вирусот.
Според Си-ен-ен, процентот на деца кои се хоспитализирани варира од 0,5 до 5,3 отсто, а смртноста од Ковид-19 кај децата е 0,4 проценти.
– Децата под пет години можат да бидат суперпреносители на вирусот на други лица. Се покажа дека имаат илјада пати повеќе вируси во носот отколку што е потребно за да ги заразат другите. Затоа тие се многу, многу опасни – вели професорот од Харвард, Вилијам Хејстлин.