Два руски центри за медицински истражувања ја завршија првата фаза од тестирањето за вакцината против ковид-19.
Две групи од 18 доброволци се отпуштени од болница откако одделно учествуваа на 28-дневни клинички испитувања на Првиот московски државен медицински универзитет и Главната воена клиничка болница „Бурденко“.
Пред да бидат отпуштени од болница, пациентите биле подложени на лекарски преглед и им бил извршен тест на крвта, со цел да се утврди развојот на имунолошкиот одговор на новиот коронавирус. Прелиминарните наоди покажуваат дека вакцините се безбедни и дека пациентите добро ги поднеле, немало поплаки, компликации или несакани ефекти за време на испитувањата.