На фотографиите што се појавија во медиумите, се гледа дека неговата партнерка Александра Грант го придружува Кијану Ривс за време на престојот во Берлин, каде што тој го снима четвртото продолжение од филмскиот серијал „Матрикс“, пренесува магазинот „Пипл.
Ривс и Грант првпат се појавија заедно во јавноста во ноември минатата година, во Лос Анџелес.
Во „Матрикс 4“ глумат актерите Нил Патрик Харис, Џонатан Гроф и актерката Кери Ен Мос. Продукцијата во Сан Франциско беше запрена во март поради пандемијата. За среќа, снимањето во Сан Франциско беше завршено пред воведувањето на забрани.
Минатиот месец за магазинот „Пипл“, Ривс изјави повторно дека се приклучил на проектот „Матрикс“, затоа што смета дека „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“. Тој пак ќе го толкува ликот на Нео покрај актерката Кери Ен Мос. Таа за американските медиуми изјави дека никогаш не очекувала дека филмот ќе добие и четврто продолжение.
Она што сè уште не се знае е дали на филмската екипа ќе се приклучи и Лоренс Фишбурн.
За потсетување, првиот дел на „Матрикс“ ја имаше премиерата во 1999 година, наредните две продолженија во 2003, а премиерата на четвртиот дел е планирана за 2022 година.