Купувањето на домашните производи и летувањето во земјата не треба да се однесува само на корисниците на домашните платежни картички и ваучерите, туку треба да го практикуваат сите граѓани бидејќи на тој начин даваме поддршка на домашната еконоија и за зачувување на работните места. Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција посочи дека овие две мерки се системски и промовираат повеќе промени кои треба да се воведат во општеството, како безготовинско плаќање, купување домашни производи, намалување на неформалната економија.
– Ова е многу повеќе од кампања, ова е многу повеќе од стимулирање на безготовинско плаќање, од важноста на плаќање со картичка – и поради ширење на заразата и поради тоа што тоа е начинот да се движиме кон современо општество. Воедно и поради сите аспекти како целосен голем и обемен проект кој навистина ќе придонесе да се амортизира ударот врз економијата и поради тоа што се работи за кампања за кревање на свеста, без разлика дали ја имаме картичката или ја немаме, сметам дека сите треба да бидеме свесни што значи купувањето на домашни производи, што значи одењето на одмор во земјата за економијата, за работниците за оние кои што се трудат и на кои им е потребна сега поддршката – рече Ангеловска.
Министерката за финансии посочи и дека во насока на поддршка на купување домапни производие направена промената за да се враќаат 20 отсто ДДВ преку апликацијата МОЈДДВ за купување на македонски домашни производи.