Утре по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија „Кофи фектори“ на улица Македонија спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Овие три локали спаѓаат во категорија на професионални кафетерии.
Првата е во срцето на Дебар Маало, а втората непосредно до плоштадот Македонија. По одличниот успех со првите две кафетерии, во третата новоотворена, тимот одлучи да направи мал исчекор за искуството на посетителите да биде комплетно, а тоа е храната. Покрај кафето, кое е главна состојка за отпочнување на денот или за уште попријатно попладне, тие изготвија мени, кое одлично ќе се вклопи во тие часови.
Утре на денот на отворањето посетителите ќе можат бесплатно да ги тестираат и вкусат различните видови кафе, подготвени од професионални баристи, предводени од Дејан Богоески, како и вкусните специјалитети од шефот на кујната, Софка Камилоска.
За музичкото мени ќе се погрижи Алекс Асид, кој ќе настапи од 11 до 13 часот, потоа следуваат „Летечки пекинезери“, кои се од 13 до 15 часот, а потоа до 18 часот зад миксетата посетителите ќе ги забавува диџеј Маци.