Ѕидот на реката Драгор, која е симбол на Битола се руши. На еден дел од реката, кај зградата на поранешниот Извршен совет ѕидот на реката Драгор е срушен и преставува потенцијална опасност во целост да се спушти во самата река. На тој дел од реката покрај тоа што дневно се движат голем број битолчани, сообраќаат и голем број автомобили, па дури камиони, што уште повеќе ја зголемува опасноста ѕидот целосно да падне. М.М.