Личните податоци на пејачката Лејди Гага и на други селебрити-личности им биле украдени од хакери.
34-годишната поп-пејачка и други ѕвезди од таканаречената А-листа станаа жртви на хакерската група РЕвил (REvil), која успеа да пристапи до низа доверливи информации, вклучувајќи договори, договори за необјавување, телефонски броеви, адреси на е-пошта и приватни преписки.
Медиумите наведуваат дека други жртви на хакирање се Мадона, Ники Минаж и Брус Спрингстин, како и „Минатата недела вечерва со Џон Оливер“ (Last week tonight) комедија, ток-шоу што се емитува на Ејч-би-оу.
Адвокатската фирма за медиуми и забава со седиште во Њујорк – Grubman Shire & Sacks – потврди за „Варајати“ дека станува збор за сајбер напад со цел барање откуп.
Во напади од ваков вид хакерите обично бараат откуп од нивните жртви, заканувајќи се дека ќе ги објават украдените податоци доколку не ги добијат парите.
Во овој случај, хакерите побарале дури 21 милион долари, јавува весникот „Њујорк пост“.
Сепак, адвокатската фирма во моментов одбива да преговара со хакерската група.
Брет Калоу, аналитичар за закани во „Емсисофт“, компанија за анти- малициозни софтвери, смета дека сумата пари што ја бараат хакерите не е вон сферата на можност.