Оваа недела во функција се враќаат затворените трговски центри, центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, центрите за организација на седници на органи за управување и конференции, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови како тенис и спортски и други обложувачници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој најави дека следната недела можно е отворање на угостителските објекти, а потоа и базените, теретаните…
Трговските центри ќе се отворат, но оваа недела не смеат да нудат угостителски услуги, а обложувалниците ќе работата само преку шалтер.
– Сето ова е согласно критериумите препорачани од Комисијата за заразни болести. Сите субјекти мора да се придржуваат до дистанцата, носењето на заштитни материјали и одреден број на присутни во локалите односно на местата. По следењето на епидемилошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови и повторно после епидемиолошката анализа и следењето на состојбата неделата што следува после оваа, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објекти и базени, работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти – најави министерот Филипче.
Денес беа регистриран десет новозаболени од коронавирусот, а Комисијата за заразни болести ја оценила состојбата со вирусот кај нас како стабилна.