Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ и покрај почетната неподготвеност, во претходните четири недели направила повеќе отколку во текот на првите четири години од претходните кризи.
Обраќајќи се во Европскиот парламент, таа повика на итно воспоставување на „Маршаловиот план за Европа“ и тоа првенствено преку буџетот на ЕУ.
Урсула фон дер Лајен во својот говор за одговорот на ЕУ во однос на пандемијата на коронавирусот, пред Европскиот парламент изрази сочувство поради десетината илјади жртви на ковид-19 во Европа.
Таа оцени дека на почетокот на пандемијата ЕУ не пружила благовремена помош на Италија, која тогаш била најтешко погодена.
– Точно е дека никој не беше подготвен за ова. Вистина е и дека премногу се доцнеше кога ѝ беше потребна помош на Италија. И поради тоа важно е Европа во целост да испрати искрено извинување – рекла Лајен.
Укажувајќи на многу примери на европски соработки од претходните недели, таа оцени дека Европа станала срцето на светската солидарност.
– Време е да ги оставиме на страна старите поделби и обвнувања. Време е да се подготвиме за новиот свет и да ја искористиме целата заедничка сила и дух за заедничка цел – порача Лајен.
Таа ги потсети европските пратеници на досегашните потези на британската администрација во целта на борбата против пандемијата, нагласувајќи дека вкупната вредност на пакетот помош е околу 3.000 милијарди евра.