Авиокомпанијата „Дубаи Емиратс Ерлајнс“ објави дека е првата што организира брзи тестирања на меѓународниот аеродром Емирати за да открие случаи на новиот коронавирус меѓу своите патници.
Обединетите Арапски Емирати, кои официјално објавија скоро 5.000 случаи на зараза и 28 смртни случаи од коронавирус, ги прекинаа сите комерцијални летови на 23 март, но на авиокомпаниите од таа земја од минатата недела им е дозволен ограничен број на летови за странци кои пандемијата ги затекнала во оваа земја.
– Емирати е првата авиокомпанија што спроведува брзо тестирање на патниците за ковид-19 – се вели во соопштението на компанијата.
– Сите патници на денешниот лет кон Тунис беа тестирани пред да заминат од Дубаи – се додава во извештајот.
Компанијата не го прецизираше бројот на тестирани патници или резултатите од тестот, како и што ќе се случи со оние чии тестови се позитивни.
„Емирати“ се обидуваат постепено да го продолжат патничкиот транспорт. Компанијата ги намали своите квартални трошоци со тоа што ја намали платата за околу 100.000 вработени за 25 до 50 проценти за да се избегнат отпуштања.