Поголема група граѓани вечерва се собраа и протестираат во населбата Ченто откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица.
Лицата се уапсени бидејќи не ја почитувале забраната за движење, која важи на целата териотрија на земјава од 16 часот со 5 часот наутро. Како револт за ова апсење поголем број луѓе се на улиците.
По инцидентот се појавил и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски за да ги смири насобраните граѓани.
Сега состојбата се смирува, јави репортерот на ТВ21. За телевизија 21 зборуваше и лицето кое било притворено од страна на полицијата и рече дека веднаш било ослободено.
#HasanbegPolicia liron 3 të arrestuarit, banorët shpërndahen#СингеличПолицијата ги ослободи лицата кои што беа приведени, граѓаните ја ослободија улицата
Posted by Furkan Saliu on Понеделник, 13 април 2020