АД ЕСМ, РЕК „Битола “, ФОД и синдикатите на АД ЕСМ и Подружницата на РЕК „Битола“ денеска, на покана на општина Битола почнаа со дезинфекција на колективните станбени згради во Нова Битола.
Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој присуствуваше на почетокот на оваа акција, истакна дека во акцијата за дезинфекција на Битола е вклучена екипа од пеесетина добро обучени и опремени работници на Комбинатот РЕК „Битола“, како со средства за заштита, така и со дезинфекциони средства за дезинфекција на станбените единици во Битола.
Екипата од педесетина вработени на АД ЕСМ во целиот период додека трае кризата со коронавирусот ќе врши дезинфекција како на колективните станбени заедници, каде живеат најголем број битолчани, потоа на индивидуалните објекти и институции кои ќе побараат помош за дезинфекција.
Покрај тоа што АД ЕСМ се вклучува во оваа акција за дезинфекција на Битола, оваа општествено одговорна компанија, на општината ќе и донира 50 специјални канти за дезинфекција, истакна првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Вакви акции АД ЕСМ на повик на локланите самоуправи ќе организира и во другите градови во државата. М.М.