Јапонија не се подготвува да ги одложи Летните олимписки игри во 2020 година, изјави портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга, истакнувајќи дека земјата е решена да биде домаќин на најголемата спортска манифестација во светот, и покрај пандемијата на коронавирусот.
Тој рече дека јапонската влада ги продолжува подготовките за Олимпијадата од 24 јули до 9 август, како и дека соработува тесно со организации како што е Меѓународниот олимписки комитет, пренесува „Ројтерс“.
– Ние не преземаме никакви измени за одложување на Игрите – рече Суга во парламентот, одговарајќи на прашањето дали владата прави планови за откажување или одложување на натпреварот.
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека земјите на Г7 се договориле целосно да ја поддржат Олимпијадата.